(ВИДЕО) Освојувачката на Ролан Гарос од 2010. година победила рак

Поранешната освојувачка на Ролан Гарос, Франческа Скиавоне објавила дека победила на најважниот натпревар во нејзиниот живот и успешно излечила карцином.
Италијанката беше најдобра на вториот Грен слем во сезоната 2010., освојувајќи осум други титули пред да се пензионира во 2018. година.

Таа не открила од кој вид на рак боледувала.
“Сакам да споделам со сите што ми се случи. Ми беше дијагностициран карцином. Отидов на хемотерапија. Се борев и сè уште дишам. Ја освоив оваа борба, се вратив во акција”, порачала Скиавоне.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Рицинусовото масло и сода бикарбона: Лекуваат катаракта, отстрануваат папиломи и брадавици, ја подмладуваат кожата!

Постојат дури 18. здравствени потешкотии кои рицинусовото масло и сода бикарбоната успешно ги решаваат… Алергиски …