(ФОТО) Очајната домаќинка“ се соблекла во 55. година и се пофалила со вајаното тело!

ТЕРИ Хеачер има нов ипоглед на животот, како и на сопственото тело.
Една од ѕвездите во планетарно популарната серија „Очајни домаќинки“ неодамна го прослави својот 55-тти роденден, а судејќи според најновата фотографија што ја објави на Инстаграм, таа моментно е во најдобра форма во животот.


Објавувајќи фотографија на која позира во минијатурно кафено бикини, таа се осврнала на нејзината фитнес рутина и филозофија. Како што вели, најчесто комбинира кардио и тренинг на отпор и токму за неа вежбата станала извор на благосостојба, не само средство со кое изгледа одлично дури и во нејзината шеста деценија.
Но, тоа не ја спречило да се соблече и да се пофали со вајаното тело.

View this post on Instagram

Exercise has become a source of well being not a means to look good naked. As part of my @f45_training 8 week challenge we had to submit an after photo. So why actually post a pic of myself in a bikini? Well, this is my truth and being in this 55 year old body actually feels liberating. Here’s the thing. I’ve finally figured out how to be comfortable in my own skin. Maybe not every day but a lot of them. Age allows you to be clear on your purpose and cherish who and what you are grateful for. You have enough age to see the miracle of life and enough youth to revel in that knowledge. You can be vulnerable and strong at the same time. You can forgive others and yourself. You are willing to put in the effort to reach a goal…or not. And that’s okay. Mostly, you know to make the most of every moment. For me that is sharing joy & positivity, knowledge I’ve gained through experience both successes and failures, and helping to lift others up. Sharing myself in a bikini (which I may or may not ever wear again) Is me Being open to others, open to life… finding glorious connection and community. No filters, no makeup, no airbrushing, no negativity. Be strong enough to be vulnerable. #teristuesdaytips #birthdayweek #bekind #giveback #enjoy #liveyourbestlife

A post shared by Teri Hatcher (@officialterihatcher) on

„Да се биде во 55-годишно тело за мене е ослободување“, започнала таа.
Покрај тоа, таа открила дека некои работи драматично се менувале со годините.
“Така се одвиваат работите. Јас конечно најдов начин да се чувствувам пријатно во сопствената кожа. Можеби не секој ден, но поголемиот дел од времето да”, напишала актерката.
Таа тврди дека, благодарение на своите години и животно искуство, сега конечно ја сфаќа целта на своето постоење, знае за што треба да биде благодарна.

“Имате доволно години за да го видите чудото на животот и вие сте доволно млади за да уживате во тоа знаење. Може да бидете ранливи и силни во исто време. Може да им простите на другите и на самите себе. Вие сте подготвени да вложите напор да ја постигнете целта”, смета Тери.
За да ги охрабри другите да го сакаат своето тело, таа одлучила да ја сподели фотографијата во бикини, без филтри и без шминка.
Освен редовното вежбање, Хачер исто така трча и учествува на маратони. Токму подготовката за маратон е најмотивирачка затоа што, како што рече, „има нешто посебно за подемите и падовите што тренинзите за такви потфати ги носат“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот Ѓорѓе Марјановиќ: Пејачот ја загубил битката со корона вирусот

Познатиот музичар бил приклучен на респиратор и лекарите се бореле за неговиот живот изминатите денови. …