(ФОТО) КОГА СЕ САКА СЕ МОЖЕ – БИВША НАРКОМАНКА СЕ ПРЕПОРОДИЛА ЗА 2. ГОДИНИ: Првпат земала дрога на 13. години, а потоа животот и станал МОРНИЧАВ! Денес има 25. години и никој не верува дека била ЗАВИСНИЧКА!

Џејми Вајли (25), поранешна зависничка од мет и хероин, на својот Фејсбук профил споделила инспиративни „пред и после“ фотографии од себе.
“Моето име е Џејми и јас сум поранешен зависник од хероин и метамфетамин. Разликата помеѓу двете фотографии е две години. Подобра верзија е снимена пред неколку месеци кога ја добив дипломата за средно училиште! Опоравувањето е можно!”, напишала таа во една група на Фејсбук.

Џејми рекла дека направила фотографија од 2017 година за да ја мотивира да се опорави.
“Ми се допаѓа да ги цедам мозолчињата и тоа беше нешто што порано го правев додека земав метамгетамин. Бев опседната. Седев во мојот автомобил цела ноќ чекајќи да се сретнам со некого за да набавам дрога. После ќе останев таму и ќе ги цедев мозолчињата во ретровизорот. Беше утро и сфатив дека таму сум седела многу долго“, објаснила таа.


My name is Jamee and I am a recovering heroin and meth addict. These pictures are 2 years apart. The better looking…


Gepostet von The Addict's Diary am Dienstag, 5. November 2019

Американката  започнала да зема дрога на 13-годишна возраст.Првото искуство и било со марихуана.
„Моето детство беше прилично тешко. Користев дрога, секс и алкохол за да избегам од реалноста“, вели Вајли. На 15-годишна возраст, запознав момче кое ме навлече на лекови против болки. Тој ме научи како да ги здробам и да ги шмркам. Наскоро, опиатите станаа мојот најдобар пријател”, додава Вајли.
Таа открила и дека го напуштила училиштето на 17-годишна возраст, како и дека била силувана од двајца мажи додека, една ноќ, била пијана. Два месеци после тоа, таа започнала да зема хероин и метамфетамини.
“Бев трауматизирана поради силувањето и бев во депресија. Првата работа што ја направив кога ја напуштив куќата беше состанок со еден дечко кој ми понуди дрога”, вели таа, додавајќи дека отишла во неговата куќа со него каде цела ноќ ја „клукал“ со дрога.


“Не знаев за граница. Се сеќавам дека би повратила, пак ќе земев, повторно ќе повратев и земав повеќе. Правев будала од себе. Тој ме испрати дома после четири дена. Ми требаа две недели да се опоравам. Сепак, кога се опоравив, би отишла по повеќе “.
Потоа, Вајли земала дрога секој ден, па почнала да краде за да ја плати дрогата. Таа за прв пат била уапсена кога имала 19 години.
Американката рекла дека се обидела да се обеси во затвор.
„Самоубиството беше моја можност за бегство. Немав дрога во затвор за да отупам и моите дела ме стасаа“, рекла таа, додавајќи дека се обидела да се обеси со помош на чаршав.
Преживеала само затоа што цимерката се вратила во својата ќелија порано отколку што требало. Брзата помош ја пронашла без пулс. Лекарите ја реанимализирале, но Војли паднала во кома во која поминала два дена. Кога се разбудила, и ветила на мајка си дека нема повторно да се дрогира.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШТРУМФОВИ – АМБАСАДОРИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕШТВОТО ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МАЛИТЕ ШТРУМФОВИ – ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДО 9ти декември

#MалиШтрумфовиГолемиЦели Штрумфовите кои се во Ист Гејт Мол до 9 Декември, се главните протагонисти во …