Почина Мари, пејачката на „Роксет“ – Ја загуби битката со ракот!

Поп ѕвездата од Шведска починала во понеделникот после долга и тешка болест.
Зад себе оставила две деца, ќерката ИнјезЏозефин и синот Оскар, как и сопругот Микаел Болјос.
Мари Фредриксон, вокалот на една од најпознатите шведски и светски групи Роксет, почина на 9. декември, на возраст од 61. година, објавија шведските медиуми.
Мари Фредриксон ја оплакува сопругот Микаел Болјос и нивните две деца, пишува шведски Експрес.
„Со голема тага во срцето ви соопштуваме дека една од нашите најдобри пејачки почина на 9. декември од болеста со која долго време се бореше“, се наведува во соопштението за јавноста.

Мари боледуваше од тумор на мозокот уште од 2002. година, неколкупати се оперираше и одеше на лекување. Дури и за време на рехабилитацијата таа продолжи да снима како соло-артист, издавајќи два албума и еден успешен сингл.
Таа во доцните 80-ти неколкупати беше прогласена за најдобар женски шведски изведувач, доби и награди за најдобар шведски албум, а со „Роксет“ успеаа да достигнат платинасти тиражи на нивните албуми.
Нејзиниот колега Гесл по веста за смртта на Мари напиша: Ти ми беше најпрекрасниот пријател изминативе 40. години. Нештата веќе никогаш нема да бидат исти!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НИКОГАШ НЕ СЕ ЗНАЕ: Пред споменик Џесика Алба имала блиска средба со отровна змија

Опкружена со дрвја, Алба започнала да ја вади заштитната маска од лицето и во тој …