Објавени номинациите за Златен глобус 2020 година

Во Лос Ангелес се објавени номинациите за филмската награда Златен глобус кои ќе бидат доделени на 5. јануари наредната година.
„Џокер“ на режисерот Тод Филипс е ниминиран в дури 4. категории и тоа за најдобар глумец во драма, најдобра драма, најдобар режисер и најдобра музика.
Со дури 17 номинации меѓу филмските режисери, води Нетфликс. а го следат Сони со осум, па Дизни и Ворнер Брос со по шест номинации.
Нетфликс доминира и меѓу телевизиски продуценти, исто така со 17. номинации, ХБО со 15. номинации, а Хулу и Прајмтајм со по пет.
Најмногу номинации меѓу играните филмови освоила „Брачна приказна“ на Нетфликс, кој е номиниран во шест категории, „Ирецот“ на Скорсцезе има пет номинации, како и „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино, додека „Џокер“  во режија на Тод Филипс и „Двајца папи“ на Фернандо Меирелес освоиле по четири номинации.
Меѓу телевизиските остварувања ситуацијата е нешто поизедначена, со тоа што „Чернобил“ (ХБО), „Круна“ (Нетфликс) и „Неверојатно“ (Нетфликс) се на врвот на листата со по четири номинации.
Номинациите ги претставиле глумците Тим Ален, Сузан Келеши Ватсон и Дакота Фенинг, а како водител на церемонијата е најавен контоверзниот Рики Герваис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „Запалени“ и голи: Еротски сцени и див секс без цензура

Некои од глумците решиле целосно да вживеат во своите улоги, па затоа имаат вистински секс …