Книжевни настапи на Стефан Марковски во Љубљана

Македонскиот писател и поет Стефан Марковски деновиве имаше поетски настапи, предавање, читања и претставување на избор од младата македонска поезија во Словенија, во градовите Љубљана и Крањ во склоп на манифестацијата Прешерново оро посветена на големиот словенечки романтичарски поет Франце Прешерн (Врба, 3 декември 1800 – Крањ, 8 февруари 1849).

Панорамскиот избор поезија на млади македонски автори со наслов (Ne)par: (Dvojezični izbor sveže makedonske literature) во издание на Македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана, вклучува песни и од четворица современи македонскипоети, а истиот, заедно со поетски настап на Марковски и Аленка Јовановски беше претставен од страна на Намита Субиото, Лара Миховиловиќ и Петра Коршич во културниот центар Trubarjeva hiša literature.

Предавањето на Марковски на Филозофскиот факултет во Љубљана беше посветено на модерните и постмодерни развојни тенденции во македонскиот театар и филм во втората половина на 20-от и почетокот на 21-от век.

Во рамки на манифестацијата Марковски имаше поетско обраќање и вопросториите на Македoнското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Есмералда“ со две изведби на 31.01. и 4. февруари

Националната опера и балет најавува еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ – Чезаре Пуњи, …