(ВИДЕО) Најубава посна бајадера со лешници: Може да стои и’ една недела а не го менува вкусот!

Кој вели дека не може да се ужива во деновите на пост?
Состојки: 150 мл вода, 200 г шеќер, 100 г маргарин, 200 г посно чоколадо (100 г во колачот а 100 г за глазура), 200 г мелени посни бисквити (може да варира и до 250 г во зависност од тоа колку се суви бисквитите и колку долго сте ги вареле шеќерот, водата и маргаринот), 200 г мелени печени лешници, 2 лажици масло.
Подготовка: во помал сад ставете ги шеќерот и водата и исечканиот маргарин. Се’ заедно ставете да зоврие. Кога ќе зоврие и маргаринот ќе биде скоро истопен, додајте го чоколадото, па мешајте додека и тоа не се истопи и соедини со другите состојки – оставете да вари некои 2 – 3 минути.
Тргнете од ринглата па веднаш додајте ги мелените лешници и бисквити, убаво измешајте. Во калап со димензии 25 х 12 см ставете хартија за печење па истресете ја цела смеса. Израмнете.
Истопете го чоколадото со маслото на пареа или загревајте во микробранова рерна на средна температура, по 20. секунди се’ додека не се истопи. После секои 20. секунди измешајте да се соедини со маслото. Подготвената глазура полијте ја врз колачот. Оставете да се излади и дополнително стегне во фрижидер. Сечете на штангли и служете.
Колачот нема млеко и јајца па може да стои и повеќе од една недела, а вкусот не се менува. Чувајте во фрижидер, во калапот кој после ладењето сте го ставиле во ќеса или покриле со фолија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) ПРАВИ ЧУДА – ВАРЕНАТА БАНАНА ЛЕКУВА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ДЕНЕШНИЦАТА!Додајте и го овој ЗАЧИН, а еве КОГА би требало да ја конзумирате!

Несоницата е еден од најчестите проблеми денес и многумина земаат индустриски лекови за да го …