(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ВЕНЧАВКА: Влетала жена во венчаница, со букет го тепала младоженецот и викала „Требаше тоа да бидам јас!“

Стејси Овен (29) уживала на својата свадба, кога во секунда се преплашила.
Една жена во венчаница упаднала во салата во селскиот хотел каде се одвивала прославата, извикувајќи: „Запрете ја свадбата, требаше јас да сум на тоа место“. Видеото прикажува како со букетот го удира младоженецот по главата, додека новопечената двојка се обидувалада танцува.

Стејси прво помислила дека е „поранешна девојка“ на нејзиниот сопруг, но станувало збор за комичароката Џануари Рис, ангажирана од нејзината кума Џеки Левис. По првичниот шок, сите паѓале од смеење, особено невестата, чија боја брзо се вратила на лицето.


„Пет месеци ја подготвував таа шега. Стејси очекуваше изненадување, а јас сакав да направам нешто глупаво“, рекла палавата кума, додавајќи дека сите се исплашиле кога комичарката упаднала во салата затоа што мислеле дека тоа е навистина поранешна девојка на зетот.
„Мојот партнер во почетокот беше преплашен. Го танцувавме нашиот прв танц, а светлата беа затемни и не и го видовме лицето. Мислев дека е една од поранешните девојки на Кери. Потоа се запалија светлата и го видов нејзиното лице, веднаш ја препознав“,рекла Стејси на крај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Стручњаците за говор на телото ја анализирале средбата на Џенифер и Бред – Резултатите ќе ве шокираат!

Дали мислите дека Џенифер треба да му прости за сè? Состанокот на поранешните сопружници Пит, …