(ФОТО) Кирк Даглас денес наполни 103 години:Филантроп кој богатството ќе го остави на добротворни организации!

Холивудскиот актер Кирк Даглас денес наполни 103. години.
Роден како Исур Демиелович Демски, тој е син на неписмени руски имигранти и има одиграно некои од најпознатите улоги во филмската историја, од Спартак и Винсент ван Гог до Док Холидеј.
Холивудската икона Кирк Даглас тврди дека доживеел сто години благодарение на неговата сопруга Ен Бајденс Даглас (100), која успеа да се опорави од сите неволји што му ги донел животот.
Преживеал мозочен удар што му го нарушил говорот и го натера да престане да глуми пред две децении. Тој се опорави без поголеми последици од хеликоптерската несреќа во 1991. година, а смртта на неговиот син Ерик во 2004. година оставила огромна празнина.


„Среќен сум што пред 63. години пронајдов сродна душа и верувам дека нашиот прекрасен брак ми помогна се да преживеам“, рекол Даглас во едно интервју.
Тој убавата Ен запознал во 1953. година за време на снимањето на филмот „Акт на љубовта“ во Париз, две години откако се распаднал неговиот прв брак со актерката Дајана Вебстер, со кого ги доби синовите Мајкл и Џоел. Славниот актер изјави дека веднаш бил привлечен од нејзината смисла за хумор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Стручњаците за говор на телото ја анализирале средбата на Џенифер и Бред – Резултатите ќе ве шокираат!

Дали мислите дека Џенифер треба да му прости за сè? Состанокот на поранешните сопружници Пит, …