(ФОТО) ЌЕ СЕ НАЕЖИТЕ ОД ТОПЛИНА ОКОЛУ СРЦЕТО – МАЈКЛ (5) СИТЕ ДРУГАРЧИЊА ОД ГРАДИНКА ГИ ДОНЕЛ НА СУД: Поводот никого не оставил рамнодушен а детето конечно нашло среќа!

Петгодишник од Мичиген ги повикал сите другари од градинката на суд да бидат во публика и да бидат сведоци на неговото законско посвојување – така ги освоил срцата на луѓето ширум светот.
Момчето Мајкл во четвртокот и официјално се приклучил на своето ново семејство, по одлуката на судот во округот Кент.
На фотографијата споделена од вработените во округот на официјалната страна на Фејсбук, се гледа детето кое се протега на стол во судницата, седи до родителите посвојувачи.
Зад нив, во публиката се пријателите од градинките на Мајкл кои весело мавтале со срца од хартија.Во текот на процесот, секое дете од градинка се претставило и објаснило зошто дојшло да го слави овој ден со другарот Мајкл.

Gepostet von Kent County, Michigan am Freitag, 6. Dezember 2019

„Мајкл е мојот најдобар пријател“, рекло момчето Стивен.
„Моето име е Лили и го сакам Мајкл“, изјавило едно девојче пред судијката Патриша Гарнер, која за оваа пригода носеше Божиќен ѓердан. „Ја започнавме учебната година како семејство“, рекол учителот на Мајкл. „Семејството нема никаква врска со ДНК. Семејството е поддршка и љубов“.
Другарите, воспитувачите и наставниците во градинките, како и родителите на другите деца, одлуката за посвојување ја поздравиле со извици и аплауз, додека Мајкл и неговите родители чукале со судиското чеканче по објавувањето ан одлкуката на крајот од судењето. Четврток во округот Кент е одбележан како Ден на посвојување, а триесет и седум деца „со љубов“ и официјално станувале дел од новите семејства, напишале официјалните лица на Фејсбук.

Michael brought his entire kindergarten class with him today to witness his adoption.

Gepostet von Kent County, Michigan am Donnerstag, 5. Dezember 2019

„Нивното патување беше многу долго. Вклучуваше чуда и големи промени како за децата така и за семејството, како и неверојатна поддршка од заедницата – како што можете да видите денес на сослушувањето за посвојувањето на Мајкл“, рекла судијката Гарнер за локалните медиуми.
„Целата негова градинка и училиште се тука да кажат ‘ве сакаме’ и ‘ве поддржуваме’, како и ‘ќе бидеме тука не само денес, туку и во иднина’“. Мајкл на локалните медиуми пред судницата им рекол: „Го сакам татко ми!“ Фотографија на Мајкл и неговите пријатели од градинката на Фејсбук е споделена дури 100.000 пати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Рицинусовото масло и сода бикарбона: Лекуваат катаракта, отстрануваат папиломи и брадавици, ја подмладуваат кожата!

Постојат дури 18. здравствени потешкотии кои рицинусовото масло и сода бикарбоната успешно ги решаваат… Алергиски …