(ФОТО) Доминацијата на Ентони Џошуа во дуелот со Руиз му ги врати светските титули во бокс

Британскиот боксер втор пат боксуваше надвор од својата земја.Во јуни во Њујорк загуби од Руис, па синоќа првпат победи надвор од својата земја…
Паметната борба на Британецот Ентони Џошуа му донесе победа, со одлука на судиите, во дуелот за светската титула во бокс, тешка категорија. Џошуа го победи фајтерот Енди Руиз и си ги врати титулите кои му беа одземени од мексиканскиот боксер од Калифорнија.
Борбата се одржа на специјално изграден терен на 20 километри од Ријад, на стадион со 15.000 седишта кој беше подготвен за само 56 дена. Оганизаторите, од Велика Британија, набавија дури 4. ринга – еден беше поставен на главниот терен, другите два за тренинзи на боксерите и еден во амбасадата на Англија – специјално за тренинзите на Џошуа.
Британскиот боксер втор пат боксуваше надвор од својата земја.Во јуни во Њујорк загуби од Руис, па синоќа првпат победи надвор од својата земја.
Доминација на Џошуа низ цел меч
Џошуа до победата дојде откако низ целиот меч доминираше против Руиз. Многу подобро влезе во мечот и во првите три рунди го остави Руиз без прилика, успеа да му ја разбие аркадата уште во првата рунда.

Во четвртата рунда тензиите се зголемија, Руиз почна да ги губи нервите, а Џошуа го креваше притисокот кој го развлече во сите 12. рунди. Руиз имаше блесоци, но не успеа посериозно да му се закани и на крај загуби.
Не чека трилогија
На Џошуа тоа му е 23. победа во 24. меча во кариерата, а Руиз го забележа вториот пораз во својата 35. професионална борба.
После мечот боксерите межѓусебно си честитаа, а неслужбено во говорите после борбата потврдија дека можно е наскоро да не чека и трета борба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Гордоста на Македонија од Италија се враќа како шампион: Браво Иџе!

Најдобриот македонски автомобилски ас, Игор Иџе Стефановски, викендов имаше нов предизвик – трката на Валелунга …