Добитни комбинации: Најдобри љубовни парови меѓу хороскопските знаци

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Ги знаете оние парови на кои сите им се восхитуваат и фантазираат за љубов како нивната?
Можеби за тоа се заслужни нивните компатибилни хороскопски знаци. Некои хороскопски парови едноставно функционираат подобро од другите, а врските помеѓу овие знаци се обично најдобри:

Овен и Водолија
Врската меѓу овие два авантуристички лика во никој случај не може да биде здодевна, и обајцата се подготвени за нешто во и надвор од спалната соба. Тие уживаат да пробуваат нови работи и секогаш добро да се забавуваат заедно. Додека другите парови може да се уморат едни од други, тие двајцата најмногу уживаат да бидат заедно, но не ги запоставуваат другите важни луѓе во нивните животи.
Бик и Рак
Овие два хороскопски знаци најдобро функционираат еден со друг затоа што тие се добро поврзани и физички и емотивно, пренесува YourTango. Тие се разбираат многу добро, што помага да се развијат нивните врски, а исто така се и благодарни еден на друг затоа што и двата знака знаат да го ценат тоа што им го прават другите. Бик и Рак формираат моќна двојка која брилијантно се надополнува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 28.01.2020: Бидете подалеку од лажни ветувања и „слатки приказни“ – не ви требаат илузии!

Повторно еден квадрат оваа седмица и тоа на Марс и Нептун! Незгоден квадрат каде се …