(ВИДЕО) СРАМ ЗА НАВИВАЧИТЕ НА СИТИ: Манчестер Сити соработува со полицијата после срамната сцена кон Фред!

Дербито во Манчестер во кое Сити го дочека Јунајтед кој славеше со 2:1 го одбележа срамна сцена и навреди на навивачите упатени на Фред…
Веќе во текот на самиот натпревар на интернет почнало да кружи видео во кој се гледа и слуша се’ што се случува на трибините на Етихад.
После мечот Сити се огласил со соопштение:
„Манчестер Сити е свесен за видео снимката која кружи по социјалните медиуми и на која јасно се гледа еден навивач кој на расна основа навредува фудбалер за време на мечот со Манчестер Јунајтед.
Клубот соработува со полицијата за да помогнеме сите поединци кои учествувале во ова бидат идентификувани.
Исто така клубот соработува со полицијата и во врска со предметите уфрлени на теренот.
Нашиот клуб има нулта толеранција на било каква дискриминација. На сите за кои ќе се покаже дека се виновни за навреди на расна основа доживотно ќе им биде забрането доаѓањето на стадионот“, стои во соопштението на Сити.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Гордоста на Македонија од Италија се враќа како шампион: Браво Иџе!

Најдобриот македонски автомобилски ас, Игор Иџе Стефановски, викендов имаше нов предизвик – трката на Валелунга …