(ВИДЕО+ФОТО) Подобар од Дизниленд и Леголенд: Ова е најдобриот тематски парк на светот!

Тематскиот парк на Ферари е отворен во 2010. година и го слави духот на легендарниот бренд. Тој е дом на бројни атракции, возења, спектакуларни настапи во живо, како и разни настани и фестивали.
Ретко е да се најде оној кој не би сакал да се вози барем еднаш во Ферари и да ја доживее магијата и брзината донесена од овој престижен италијански производител на автомобили. Па, можете да доживеете дел од тоа искуство во Абу Даби, Ферари Светот, место кое е прогласено за најдобар тематски парк во светот!

World Travel Awards (Светските награди за патувања) оваа година беа доделени во Мускат, главниот град на Оман. Во категоријата тематски парк, победник беше Ферари Светот со седиште во Абу Даби, победувајќи ги парискиот Дизниленд, Леголанд во Билунд, Светот на Волт Дизни во Флорида и неколку други светски познати тематски паркови. Паркот го има и најбрзиот ролеркостер во светот, а гласачите ширум светот го препознаа Ферари Светот како најдобар од најдобрите за оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) ПРАВИ ЧУДА – ВАРЕНАТА БАНАНА ЛЕКУВА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ДЕНЕШНИЦАТА!Додајте и го овој ЗАЧИН, а еве КОГА би требало да ја конзумирате!

Несоницата е еден од најчестите проблеми денес и многумина земаат индустриски лекови за да го …