(ФОТО) БИЛ СЕКС СИМБОЛ – Денеска од неговото божествено тело нема ништо а сега се знае и зошто!

Ченинг Тејтум признал дека поради вишокот килограми нема да учествува во спектаклот „Magic Mike Live“.
Холивудскиот актер Ченинг Тејтум порано воодушевуваше со своето вајано тело, привлекувајќи воздишки на жени и девојчиња ширум светот,мажите му завидуваа, особено по филмовите „Magic Mike“ во кои глуми, но тие денови изгледа дека се многу зад него.

Имено, 39-годишниот Ченинг открил, кога се појави на телевизиското шоу „Sunrise“, дека нема да настапува во големото шоу „Magic Mike Live“, што ќе се одржи во Австралија следната година. И за тоа има добра причина, и и која се крие во неговиот заоблен стомак и вишокот килограми што ги акумулирал во последно време.

“Имам тело на едно вистинско тато! Сега имам дете и така е како што е. Не можам повеќе да бидам во теретана цело време, а учеството во “Magic Mike”е работа со полно работно време. Не станува збор само за вежбање, има посебен режим на исхрана, има многу работи. Тоа станува начин на живот“, рекол Ченинг, кој со својата поранешна сопруга Џена Давин ја има 6-годишната ќерка Еверли.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, доживеала земјотрес на прес конференција

Премиерката на Нов Зеланд воодушевила од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 …