(ВИДЕО+ФОТО) Наместо интервју – Кристина Палија искрено: „Најлошо е кога дома не ве ценат а признаваат во светот!“

Интернационалниот фестивалот „Ентреритмос“ во градот Лараш во Мароко, традиционално се одржува долги години, а целта им било претставување на културните разлики на народите од различни земји.
Меѓу редовнитеучеснички од Македонија е Кристина Палија која ревносно ги пренесува своите уметнички знаења пред колегите од цел свет и публиката во Мароко.
На пошироката јавност Кристина Палија и стана позната по дуетите со Ѓоко Ѓорчев со кого ги испеа „Фантом во операта“, Besame Mucho, Parla piu piano…и покажаа дека спојот на еден одличен поп тенор и оперска певица може да звучи грандиозно.

Оваа година беше осмото издание на фестивалот на кој земаа учество околу 220. учесници претставници од 10 земји.Фестивалот е годишно манифестација која промовира мир и соживот меѓу различните култури низ музиката, танцот и уметноста.

„За мене ова е четврта година по ред како претставник од Македонија. Досега учествував како дел од дуо „Grazioso“ заедно со Д-р Невенка Дуковска на пијано, а оваа година бев дел од трио „Divine“ заедно со Памела Велкова на виолина и М-р Александра Трајкова на пијано. За прв пат покана за учество добивме во 2016. и од тогаш сме редовни гости. Фестивалот од година во година оди само во нагорна линија. Минатата година имавме можност да се претставиме и пред принцезата на Мароканкото кралство, а оваа година ја имавме честа со свој солистички концерт да го затвориме фестивалот во катедралата во Рабат.Можам да се пофалам дека ние сме првите Македонки кои воопшто промовирале македонска музика на тие простори,а за нас македонците искрено е многу тешко од тука да ја промовираме нашата македонска современа музика“, ни рече Кристина Палија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) КОГА ПРВАТА ДАМА ЌЕ НАПРАВИ КОЛАЧИ: Џил Бајден им однела послужување на членовите на Националната гарда во Капитол

Новата прва дама на САД, Џил Бајден, ненајавено го посети Капитол и однела корпи со …