(ФОТО) Снимиле „домашно видео“, раскинале, а сега се повторно „фатени“ заедно…

Пејачката и седум години помладиот возач на Формула 1 биле во љубов од 2008. до 2015. година. Многумина шокирале кога објавиле дека прекинуваат, а сега британските медиуми шушкаат дека парот одлучил да ги измазни односите и повторно да биде заедно…
Пејачката Никол Шерзингер (41) сите ги изненадила кога во Лондон во Royal Albert Hall на доделувањето на наградата British Fashion Awards која ги слави најдобрите таленти во модната индустрија се појавила во друштво на бившиот дечко, Луис Хамилтон (34).


Пејачката и седум години помладиот возач на Формула 1 биле во љубов од 2008. до 2015. година. Многумина шокирале кога објавиле дека прекинуваат, а сега британските медиуми шушкаат дека парот одлучил да ги измазни односите и повторно да биде заедно.
Во февруари оваа година хакерите објавиле видео на кое може да се види како ѕвездата на Формула 1 и Никол се бакнуваат и галат на кревет, пишува Daily Mail.


Приватниот филм е снимен со мобилен телефон и никогаш не требало да стане јавен, тврди пејачката. Снимката тогаш била погледната повеќе од 280. илјади пати, а Никол била во потполн шок.


„Навистина не знам зошто некој тоа би го направил или ја објавил таа порно снимка. Тоа е навистина грозна работа да се направеи. Бев шокирана“, изјавила Никол на приватна забава кај Елтон Џон.

Во почетокот на ноември, откако пред скоро десет години се разишле, една од најпопуларните женски групи,The Pussycat Dolls, повторно се собрала. Првиот настап после собирањето го имале во емисијата „Икс Фактор“, каде Никол е членка на жирито. Биле многу возбудени, а Шерзингер нагласила дека ова е само почеток.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …