(ВИДЕО+ФОТО) ОДИМЕ ПОНАТАМУ: Мартинијан Кириловски со првиот сингл „Пола света“ за Гранд продукција

Кога нешто оди – оди…Така може да се оцени и успешниот од на кариерата на Мартинијан Кириловски кој освен победата на „Макфест“ со „100 пати на ден“, сега посериозно ја продолжува кариерата и во Гранд продукција…
Мартинијан Кириловски имавме прилика да го гледаме во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде што успеа да стигне до самото финале.
Според правилата на „Гранд“, кандидатите кои ќе стигнат до самиот крај добиваат песна од продукцијата. Па, така ова ветување е исполнето кога станува збор за Мартинијан.
Имено, тој вчера (3.12.2019) ја издаде својата прва песна за „Гранд“ насловена како „Пола света“. Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, а стиховите ги напишал Огнен Неделковски.

Видеото е снимeно во Македонија поточно на автопат Велес- Свети Николе, а во истиот има и неколку кадри од прекрасната Италија.

Во „Пола света“, Кириловски пее за својата среќа односно љубена која е далеку, но за која би поминал пола свет за да дојде до неа и повторно да ја љуби, а во видео записот како модел се појавува Марта Димитриевска.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Мартинијан.

Мартинијан Кириловски оваа година победи на „Макфест“ со песната “100 пати на ден“ на Ристо Самарџиев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …