„RADIOHEADJAZZ!“Преполна сала, врвни музичари и прекрасна музика!

Настанот „RADIOHEADJAZZ!“ привлече голем број на музички вљубеници кои во саботата вечерта, на 30 ноември, дојдоа во Филхармонија да го слушнат уникатниот музички перформанс кој ја соедини музиката на влијателните „Рејдиохед“ со магијата на џезот!

ЗЏМ Биг-Бендот (Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари), под чија капа се организираше настанот, предводен од австрискиот врвен диригент, маестро Зиги Фајгл, фантастично ја „одигра“ улогата да ја пренесе магичната музика на најдобриот алтернативен бенд на сите времиња и да ја конектира со еден сосема поинаков музички израз – џезот.

Концертната сала на Филхармонија се чини никогаш досега не била толку исполнета, амузичките уметници, членовите на ЗЏМ Биг-Бендот покажаа виртуозност во нивната изведба и, се разбира со главната улога на маестро Фајгл, проникнаа во комплексноста на музиката на езотеричните „Рејдиохед“!

Ова беше настан кој долго ќе се памети, заради автентичноста на партитурите, огромниот интерес и се разбира, најмногу заради професионалниот влог на музичарите и одличното озвучување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со гала балетски концерт „Живот во движење“ и изложба се заокружува чествувањето „70 години Балет“

Чествувањето седум децении постоење на Балетот кое траеше во целата 2019 година, ќе биде заокружено …