(ФОТО ) НЕМА МИР ВО АЛБАНИЈА: Првиот потрес бил со јачина од 4,3 степени а веднаш потоа и со 4 – Епицентарот бил блиску до Тирана!

Епицентарот на земјотресот бил 25 километри северо-западно од Тирана.
Во 9:20 часот утрово, Албанија е погодена од нов земјотрес од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри северо-западно од Тирана, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или поголема материјална штета.

Албанскиот сеизмолог Рапо Ормени во неделата рекол дека имало 1.300 послаби земјотреси во Драч и другите делови на земјата и дека ова е нормален процес потребен за ослободување енергија по главниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26. ноември.
Од последиците на земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер загинаа 51. лице а повредени се околу 2.000 лица.
Утрово во 5:23 часот, земјотрес со јачина од 4 степени на Рихтер ја потресол областа Невесиње во БиХ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Во Македонија денеска се регистрирани 400. нови случаи на Ковид 19: Починале 11 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани …