(ФОТО) Во среда е голем празник – Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста): Празник на воспитувањето, почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето

Во среда е Воведение на Пресвета Богородица – Празник на воспитувањето, почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на својата вера, но и за одбрана од негативните пороци коишто ја уништуваат нашата младина.
ПразникотВоведение на Пресвета Богородица во храмот што народот го вика Света Пречиста или само Пречиста спаѓа во поголемите есенски празници што се празнуваат и содомашни служби. Овој празник, исто така, спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние
што уште немаат деца.

Сведоштва за овој празник (како и за некои други моменти од животот на Богородица) се среќаваат само во црковните песни и кај некои писатели на дела со црковна содржина.
Праведните Јоаким и Ана, се вели во овие сведоштва, долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот. Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче
може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога ја повеле во храмот.
Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Беше се собрал и многу народ за да го гледа овој чуден и впечатлив настан. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што ѝ приличи на царска ќерка и Божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со Божја промисла, или со Божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ОТКРИТИЕ – ВЛЕГЛЕ ВО ВОЛЧЈАТА ЈАМА НА ХИТЛЕР А ПОТОА СЛЕДЕЛ ШОК: Нашле нешто што работи и’ после 75. години!

По неколкунеделното ископување на поранешното седиште на Адолф Хитлер на Источниот фронт, сместено во Полска, …