Во среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Оваа среда стартува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“. Поради необично топлото време за овој период од годината, отворањето беше малку одложено, но од 04.12, љубителите на зимските спортови и рекреативното лизгање конечно ќе може да се забавуваат во своето омилено зимско катче. Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите кои ги пружа лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во хокеј, уметничко и рекреативно лизгање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …