(ФОТО) ЈА ЛЕКУВАЛЕ СО АНТИДЕПРЕСИВИ А ИМАЛА ГОЛЕМ ТУМОР ВО МОЗОКОТ:Секогаш е потребна упорност но и второ мислење!

„Тоа беше како да гледам претстава надвор од моето тело. Почувствував напад на паника. Тоа беше како вонтелесно искуство, навистина застрашувачко“, се сеќава таа
Кетрин Вилкоксон (36), самохрана мајка на три деца во Велика Британија, забележала дека се чувствува повеќе уморно од вообичаеното, веќе една година. Но, таа го припишувала на стрес и можеби недостаток на витамини и минерали и не отишла на лекар.
Но, по ужасниот напад на паника на училишната претстава на нејзината ќерка минатиот декември, таа решила да го посети нејзиниот лекар. Без консултација со експертите, докторката констатирала дека страда од дереализација, ментално пореметување кое создава чувство на одвојување од светот и и’ препишала антидепресиви.

Лековите не делувале, а несреќната жена почнала да страда од напади на вознемиреност секој ден. Во мај годинава, таа имала особено тежок напад, падна и ја удри главата пред своите деца. Брзата помош пристигнала брзо и била пренесена во Општата болница во Шефилд, каде што СТ-скенирањето на главата открило карциноген израсток во мозокот со големина на јаболко.
Таа наскоро завршила и на хируршката маса и лекарите успеале да отстранат околу 80 проценти од таа творба. Сепак, ја предупредиле дека најверојатно повторно ќе порасне.

Gepostet von Catherine Wilcockson am Donnerstag, 12. September 2019

Кетрин се потсетила на првиот напад на паника на детската претстава.
„Беше како да гледам претстава надвор од моето тело. Почувствував напад на паника. Тоа беше како некое вонтелесно искуство, навистина страшно, но јас бев во можност некако да се соберам и да се фокусирам. После тоа, доживував слични искуства секој ден“, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …