(ФОТО) Унгарија се повлече од Евровизија: Премногу е ГЕЈ!

Унгарија одлучила да не учествува на „Песна на Евровизија 2020“ поради тесната врска на фестивалот со ЛГБТ популацијата, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на извор во државниот јавен сервис.
„Иако официјалните причини за откажување од учество на фестивалот не се соопштени, одлуката е донесена поради растот на хомофобичната реторика во Унгарија, каде премиерот Виктор Орбан ја покренал политиката „семејството пред се“ која има за цел да се пружи помош на традиционалните семејства и растот на наталитетот“, пишува британскиот портал.
Порано, претседателот на унгарскиот парламент усвојувањето деца од страна на истополовите бракови ги споредил со педофилија, а на унгарската провладина телевизија Евровизија ја нарекла „хомосексуална флота“.


Извор на унгарскиот јавен сервис МТВА за „Гардијан“ рекол дека, иако интерно не е објавена никаква причина за одлуката да се повлечат од конкурсот,но претпоставка меѓу вработените била дека поврзаноста на Евровизија со ЛГБТ + културата стои зад тоа.
„Не бев изненаден. Тоа доаѓа од организационата култура на МТВА“, рекол изворот.
Јавните сервиси во Унгарија се тесно поврзани со владата и играле клучна улога во ширењето на овие пораки во врска со мигрантите и други теми. Порано унгарскиот сајт Indek.hu цитирал неименувани извори во јавните медиуми шпекулирајќи дека причината за повлекувањето веројатно е таа што Евровизија е оценета како „премногу геј“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …