Принцот Чарлс се состанал со принцот Ендрју во Сандригам за да разговараат за последиците од катастрофалното ТВ интервју на братот среде извештаите дека се подготвува да застане на чело на монархијата кога кралицата ќе наполни 95. години.
Клучна улога на принцот од Велс во „повлекувањето“ на принцот Ендрју од јавниот живот поттикнала шпекулации дека се подготвува да усвои модерна улога на „принц регент“, која би го натерала да ги контролира секојдневните работи на кралицата, додека неговата мајка останува монарх.
Нејзиното височество 95. години ќе наполни за 18. месеци – во време кога нејзиниот сопруг Филип се повлекол од своите јавни обврски – а меѓу дворјаните се зборува дека таа ќе може да ја користи пресвртницата за да ефикасно му ја предаде на Чарлс секојдневната контрола над монархијата.
„Скандалот околу Ендрју и Епштајн му пружил на Чарлс прилика да се впушти и да покаже дека може да управува со компанијата. Никој не е поголем од институцијата на Кралското семејство. Дури ниту Ендрју, најдрагиот син на кралицата“, вели извор од Кралското семејство.
„Чарлс го препознал тоа и се однесувал одлучно – како крал кој наскоро и’ би можел да стане. Тоа бил момент кога Чарлс настапувал како принц Регент, крал од сенка“.
Кралицата постепено го намалува бројот на јавните ангажмани кои ги имала дури 332. во 2016. година на уште имресивните 283. во 2018. Чарлс во меѓувреме презел 507.