(ВИДЕО) ОГРОМЕН Е: Погледнете го камионетот на Тесла во сообраќај!

Доколку сте помислиле дека официјалните промо-фотографии и снимки од премиерата на Cybertruck изгледаат малку чудни, само снимките на дневната светлина покажуваат колку сте навистинаво право.
Клинестиот и апсолутно неконвенционалниот дизајн и огромните димензии го прават камионот на Tesla вистинска глетка, дури и на американските улици каде што навистина можете да видите сè. И пред видеото, вреди да се повторат димензиите. Cybertruck мери 5885 мм во должина, 2027 мм во ширина и 1905 мм во висина, скоро како станбен контејнер.
Видеото ја прикажува грдосијата на Тесла во сообраќајот, снимена недалеку од Центарот за дизајн во Калифорнија на Тесла. На почетокот се чини дека никој не стои зад воланот, но ако погледнете одблизу, ќе ја видите силуетата на возачот. Возењето на ваква грдосија без возач сепак би било премногу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …