100 дена борба и солзи:Синиша Михајловиќ на патот кон оздравувањето

Во петокот, Синиша Михајловиќ им се обрати на медиумите да да зборува за напредокот на третманот и да им се заблагодари на сите уште еднаш за поддршката што ја има во борбата за живот.
Во четвртокот, Синиша Михајловиќ најави прес-конференција закажана за во петок. Како што се очекуваше, српскиот тренер зборуваше за процесот на лекување по третиот циклус на терапии, а беше поздравен од целиот тим на Болоња во конференциската сала. Играчите на тој начин сакаа да го поддржат својот тренер, кој ја искористи можноста да се пошегува дека не се на тренинг.
„Малку е да се каже дека ни недостасувате, исто така, сакавме на овој начин да ви покажеме дека ни недостасувате и дека не сме среќни што не бевте со нас на последниот натпревар“, изјавиле фудбалерите, пред Михајловиќ да им се обрати на новинарите..

“Зад мене се четири тешки месеци.Бев во Институтот„ Сант Орсола”, каде што имав хемотерапија и со мојот силен карактер, го истуркав сето тоа. Во тие моменти ми требаше многу ментална сила, што ја добив од експертите на Институтот. Сите ми беа целосно посветени, да не беа сите оние луѓе, јас не би бил денес пред вас. Благодарам на мојата сопруга Аријана, која дојде со мене минуваше низ овој ужасен период“, рече Михајловиќ пред да се раслаче.
“Извинете, емоциите ме преплавија. Извинете што плачам”, рекол тренерот на Болоња.
“Сакам да им се заблагодарам на сите. Знам дека сакавте почесто да ме гледате, да ми поставувате прашања, да учествувате во мојата борба, но благодарен сум што ги испочитувавте моите желби. Ова е уште еден доказ на солидарноста која ми ја дадовте во изминатите чњетири месеци. Последен пат пред новинарите бев на 13-ти јули кога објавив дека сум болен и со што се соочувам.Сега сакам да објаснам како напредува процесот на заздравување.Сакам да им се заблагодарам на сите лекари што се таму за мене и кои знаат колку тешко е да се справам со болеста.Јас сум многу благодарен на сите. Без нивна помош никогаш не би бил тука, мислам дека сум на вистинскиот пат. Повторувам дека сум благодарен на сите доктори и медицински сестри. Ги пронајдов моите ангели чувари, без кои не би напредувал вака.Ќе ви бидам благодарен цел живот. Многу ми е жал што не можам да ги споменам сите“, рекол Михајловиќ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …