(ФОТО) Постојаното кашлање било рак: Пиела и антибиотици, но не и помогнале – од здрава се соочува со секундарен карцином на градата!

Британка (33) минува циклус на хемотерапија откако лекарите и нашле секундарен карцином во градата, и и’ кажале дека ќе живее само неколку месеци. На испитување отишла дури после кашлањето кое не престанувало…
Вики Маршал (33) од Јоркшир, пред две години имала рак на града кој го победила. Меѓутоа,сега и е дијагностициран секундарен карцином на дојка кој, според процените на лекарите е неизлечив.
Фотографијата која ја снимил нејзиниот сопруг, со двајцата синови во болница, додека прима хемотерапија, скршила срца на многумина. На Вики која умира, метастази и нашле не само во градата, туку и во ‘рбетот, црниот дроб и белите дробови, а лекарите и рекле дека ќе живее само неколку месеци.
Ракот е откриен после доглготрајното кашлање кој воедно бил и единствен симптом. Самата забележала дека нешто не е во ред бидејќи кашлањето ниту покрај терапијата со антибиотици не и престанувало. И било се потешко да дише и, на крајот истражувањата покажале дека ја има немилосрдната болест. Новите тестови покажале дека карцинимот се проширил и на другите органи и дека има мали шанси да преживее. Дури и’ со хемотерапија.

Gepostet von Vicki Marshall am Sonntag, 17. November 2019

Секундарниот карцином на градата кој може да се јави и со години после лекувањето на првиот тумор, се јавува, отприлика, кај третина од пациентите со преболен карцином на града, во рамките на десет години. Често знае да биде – кобен.
„Ништо не ме болеше, нормално се грижев за децата и семејството“ рекла мајката на осумгодишниот Алфи и петгодишниот Ерни.

Been a crazy 18 days, been in hospital all but 3 and I was in Paris for that! Lung drain (2 liters) Heart Drain…

Gepostet von Vicki Marshall am Donnerstag, 28. November 2019

„Во почетокот ми рекоа дека имам секундарен карцином кој во најдобар случај ќе го совладаме. Би можела да проживеам уште со години ако хемотерапијата успее или неколку месеци ако не успее“, додава сопственичката на продавница за антиквитети.
Сега е на средина на интензивната хемотерапија.

Gepostet von Vicki Marshall am Freitag, 22. November 2019

Мажот Ли го искористил времето помеѓу лекувањето и го однел семејството во Дизниленд во Париз. На страницата JustGiving која ја отворил семеен пријател биле собрани скоро 5.000 фунти во само еден ден за да семејството добие можност за последниот заеднички одмор. На патувањето здравјето на Вики се влошило па морале накусо да го прекинат одморот поради проблемот со срцето и да се вратат во Англија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …