ФОРМУЛА 1: Се подготвува спектакуларен трансфер за Луис Хамилтон?

ФЕРАРИ тргнува по најдобриот возач на денешницата, Луис Хамилтон.
Тоа го открил Матиа Биното, шефот на екипата на Ферари. Биното порачал дека во италиајнската екипа се пресреќни што можат да го доведат Хамилтон за сезоната 2021.
„Луис е неверојатен возач, фантастичен е и фактот дека во 2021. година станува слободен не прави многу среќни. Рано е за некоја одлука, задоволни сме со возачите кои ги имаме, но во еден момент наредната сезона ќе размислиме за потезите кои ќе мораме да ги направиме“, рекол Биното.


Хамилтон во јануари ќе го прослави 35. роденден и до крајот на кариерата веројатно го чека уште еден голем договор. Британските медиуми шпекулираат дека во Мерцедес би можел да го замени Макс Ферстапен од Ред Бул кој е 12. години помлад од Хамилтон.
Ферари во кадарот го има 22. годишниот Шарл Леклер и десет години постариот себастијан Фетел кој е во голем пад на формата. Токму на местото на Фетел многумина го гледаат Хамилтон во Ферари.


Британскиот возач ја освои третата титула во низа и стаса на чекор до рекордот на Шумахер. Легендарниот Германец има седум титули на светски шампион, една повеќе од Хамилтон.
Хамилтон е во Мерцедес од 2013 година и по сезона заработува по 57. милиони долари, 12. повеќе од Фетел во Ферари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …