(ВИДЕО) ПОЖАРНИКАРИ ПРИРЕДИЛЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ за момчето кому никој не му дошол на роденден!

Се’ што 7. годишниот Доминик Гитрас посакувал за неговиот роденден е голема роденденска забава каде ќе бидат сите негови пријатели.
Тој повика дури 20. и едвај го чекал тој ден затоа што неговите родители резервираа сала за неколку часа во американскиот град Плајнфилд.
Норин Матсон била жената која имала задача на влезот да провери кој влегува и дали има покана за роденденската забава на Доминик.Срцето и се скршило кога видела дека само еден пријател дошол на роденденот на момчето. Таа знаела дека мора да направи нешто.Видела дека се уште има родители во ходникот од минатата забава, резервирана, во истата сала.
Познавала една од жените чиј сопруг е пожарникар, па на памет и дошла една интересна идеја: Сакала да ги покани пожарникарите на роденденот на момчето. Тоа и се случило. Кога сдознале што се случило, пожарникарите знаеле дека треба да дојдат.
Доминик бил воодушевен. Кога пристигнале, момчето скокало од возбуда, а следните неколку часови ги поминал играјќи си со пожарникарите, а тие го поканиле и во противпожарниот камион и да види сè што го интересира.
Роденденската забава на момчето била спасена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВТОРО ПРЕДОЗИРАЊЕ СО ВАКЦИНА: После случајната шесткратна имунизација против ковид 19 во Италија, сега се случила и четирикратна

Нов случај на предозирање со вакцини против корона вирус е повторно пријавен во Италија, каде …