(ВИДЕО+ФОТО) Аргентински фудбалер ја претепал девојката: „Ме удираше и влечеше по подот!“

Аргентинката Морела Де Лас Херас го обвинила аргентинскиот фудбалер Џонатан Кристалдо за физички напад. До инцидентот помеѓу Морела и 30. годишниот бивш аргентински репрезентативец дошло во неделата наутро.
Морела тврди дека Кристалдо од чист мир ја удрил со шака по главата, дека потоа ја влечел по подот на кујната додека таа врискала и барала помош. Го пријавила во полиција, но одлучила преку социјалните мрежи да се обрати и на јавноста.

Кристалдо не е притворен, но до судењето добил забарана за приоѓање на Морела до 300. метри.

Фудбалерот моментално игра за аргентински Расинг, а порано играл за Металист од Харкива, Болоња, Велез Сарсфилд, Палеирас…За аргентинската репрезентација одиграл еден натпревар пред осум години во поразот 2:1 од Полска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …