Денеска почнува 21-то издание на Таксират фестивал

Денес, со почеток на ПИН музичка конференција & шоукејс, во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, почнува 21-во издание на ТАКСИРАТ, денови посветени на културата и уметноста.
„Од 17.00-19.00 часот, во кино Фросина, започнуваме со панел насловен „Излажи ме!“, каде ќе дискутираме со градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов, и со претставници од културниот сектор: Васил Ѓуроски, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска и Небојша Вилиќ. Влезот е слободен, Повелете. Присуствувајте. Поставувајте прашања!
Оваа вечер ќе биде музички збогатена со настапите на чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата, почнувајќи од 20:45 часот.
На следниот линк е програмата за панелите на ПИН конференцијата, а таму ќе ја најдете и целосната музичка програма за следните три ден, велат организаторите.
Бара Змекова е афирмирана и наградувана чешка џез пијанистка и текстописец. Преку нејзината поезија и звуци таа вешто ќе ве поведе на сонливо патување, дури и ако не го разбирате чешкиот јазик. Таа за првпат доаѓа во Скопје и на овој концерт ќе биде придружена од Виктор Доричак (тапани) и Марчела Куцова (саксофон/флејта/вокал).
Марко Луис создава музика која е комбинција на соул и џез музиката која ја слушал во неговото семејство на музичари со традиционалната музика од Балканот. Со својот атрактивен глас и комплексни музички аранжмани, три албуми и бројни концерти зад себе, тој е веќе е регионална ѕвезда.
Боргезија создадоа мрачна музичка, јазична и видео естетика со која влијаеа во раѓањето на влијателниот европски прогресивен музички стил „електрик боди“. Тоа беше тогаш, пред повеќе од 30 години. Денес, Боргезија лебдат на ретрофутуристичкиот арт рок и безвремената модернистичка поезија на Сречко Косовел. На големо задоволство на нивни бројни долгогодишни фанови, тие повторно доаѓаат во Скопје по повеќе од 20 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со гала балетски концерт „Живот во движење“ и изложба се заокружува чествувањето „70 години Балет“

Чествувањето седум децении постоење на Балетот кое траеше во целата 2019 година, ќе биде заокружено …