(ВИДЕО+ФОТО) Од денеска во кината: Вистинската приказна за познатата балетска ѕвезда Карлос Акоста

„Не ја одбрав својата кариера и одземена ми е слободата на одлучување што да сторам со мојот живот. Татко ми ме втурна во ова без моја желба, но сега сум благодарен. Навистина сум среќен и не смеам тоа да го заборавам“, изјавил Акоста во едно интервју.

Вистинска приказна за познатата балетска ѕвезда Карлос Акоста, чија танчерска кариера забележеа фасцинантен успех, ќе се најде на големото платно во домашните кина од 28 ноември.


Филмот „Јули“ (Yuli) на шпанската режисерка Исиан Болеин е снимен по автобиографијата на балетскиот танчер Карлос Акоста и ја следи приказната за трнливиот пат до ѕвездите на момчето, кој по инсистирање на својот татко, наместо на фудбалскиот терен го остварува сонот на балетската сцена и станува првиот црномурест играч кој ја добива улогата на Ромео во Лондонскиот Кралски Балет.

Заслугите за неверојатниот успех на светската балетска сцена ги препишува на својот татко, кој да го тргне од улиците на Хавана, инсистирал Карлос да се посвети на танцот, дисциплина и вежбање давајќи му го името Јули – воин. Реномираните балетски учители на Куба исто така го препознале неверојатниот талент на младото момче желно за други детски соништа наместо учење балет.

„Не ја одбрав својата кариера и одземена ми е слободата на одлучување што да сторам со мојот живот. Татко ми ме втурна во ова без моја желба, но сега сум благодарен. Навистина сум среќен и не смеам тоа да го заборавам“, изјавил Акоста во едно интервју.
Младиот за да веродостојно би го приближил својот живот до публиката.

Филмот премиерно почнува да се прикажува на 28 ноември во кино Милениум и Синеплекс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Неготинчани појаки од короната: Одржан традиционалниот Џез фестивал „Jazz 1440“ – Неготино 2020

Синоќа во Неготино, под покровителство на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа традиционалниот џез …