(ВИДЕО+ФОТО) НАЈТЕЖОК НАПАД НА ЗЛАТАН:Осамнало „Јуда“ на неговата врата, името му е полиено со киселина!

Златан Ибрахимовиќ е мета на нов вандалски напад, најтежок до сега.

Откако вчера на неговиот споменик во Малме била ставена ВЦ шолја, а потоа статуата била запалена, утринава во Стокхолм, на вратата на куќата на најпознатиот Швеѓанец осамнал написот „Јуда“,а плочката со името на фудбалерот била полиена со солна киселина.

Полицицијата покренала истрага, па во потрага по сведоци биле испитувани станарите на блиската зграда, а биле прегледувани и снимките од надзорните камери. „Ќе превземеме силни мерки, но не можам да кажам кои“, изјавил за шведските медиуми, командантот на полицијата во Стокхолм.

Сите овие акции против Златан им се припишуваат на навивачите на Малме кои се огорчени со тоа што е најславен син на тој град и клубот а купил 25 отсто од сопственичкиот пакет на големиот ривал Хемерби. Тоа што Ибра станува косопственик на омразениот соперник ги збеснало ултрашите на клубот во кој Златан се пробил и каде започнала легендата за него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Оливија Њутн Џон и Траволта повторно заедно после „Брилијантин“

На фотографијата објавена од Њутн-Џон на социјалните медиуми, таа носи жолт кардиган и здолниште по …