(ВИДЕО) ВАКА СЕ САКА КЛУБ А НЕ СО НЕРЕДИ: Така тоа го прават во Келн и Дрезден!

И’, додека кај нас сеуште не стивнуваат реакциите за безобразното однесување на навивачите на „Шкупи“, популарни како Шверцери во новиот Македонски народен театар, ние решивме да ве потсетиме за навиките на две германски групи навивачи…
Секако дека секој има право да си го сака својот клуб и да се радува, но, не би потсетувале како тоа беше направено во МНТ, туку ќе ви посочиме на навиките на навивачите на два германски фудбалски клуба – Келн и Динамо Дрезден во Германија.

Култниот германски клуб „Келн“ експресно се вратил во првата Бундес лига, а неговите навивачи, во славната катедрала „Свети Петар“, инаку една од најпознатите и најголеми цркви во светот, ја исполниле до крај за да оригинално се помолат за успех на нивниот клуб пред важниот натпревар.
Пред да одат на стадионот на кој „Келн“ во второто коло на Бундеслигата ја дочекал „Борусија Дортмунд“, околу 45.000 навивачи ја исполниле славната катедрала, извадиле навивачки шалови и ја испеале клупската химна.
Нивниот клуб подоцна загубил (1:3) од многу посилниот противник, но овој настап на навивачите на „Келн“ е ненадминлива победа:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …