Денеска се слави Свети Јован Златоуст: Народни обичаи и верувања!

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија, Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како единствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник, се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мнозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го протолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу скапоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта, повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и светиот маченик Василиск (се слави на 22 мај), во чијашто црква ја прими светата Причест. „Слава Му на Бога за сè!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на свети Јован Златоуст главата почива во манастирот Ватопед на Света Гора, а телото во Цариград.

Се смета дека денеска не се важни парите и материјалните нешта, туку нешто друго. Денеска секој верник треба да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа.
Не смеат во рака да се земат конци, волна и игли. Светецот не сака денеска на неговиот празник да се работи, туку сите подеднакво да уживаат.

Светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета
Првите тројца кога еднаш видоа како незнабошците на некој свој празник им се поклонуваат на идолите со извици и игри, излегоа храбро пред толпата и почнаа да Го проповедаат Единиот Бог во Троица. Началникот на Кесарија Палестинска, каде што се случи ова, толку се раздразни од оваа постапка на тројцата христијани, што нареди веднаш да им ги отсечат главите. Манета беше девица христијанка. Таа ги следеше мачениците кога ги водеа на губилиште. Ја фатија и нејзе и после жестоки маки ја спалија во оган. Пострадаа сите во 308 година, кога се преселија во вечната радост на живиот Бог.

Преподобниот маченик Дамаскин
Роден е во Галата во Цариград и прво се викаше Дијаманди. Во младоста живееше неморално, па дури и се потурчи. Тогаш доживеа горко покајание и замина на Света Гора, каде што како монах строго се подвизуваше дванаесет години во Лаврата на свети Атанасиј. Но, желен за мачеништво, заради очистување од гревовите, отиде во Цариград и почна да оди по џамиите, да се крсти и да вели дека Исус Христос е Господ и Бог. Беше заклан пред портата на Фанар, на 13 ноември 1681 година. Моштите му почиваат на Халки во манастирот на Света Троица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Вознемирувачко ВИДЕО) Стравична снимка од Чешка: Полицајци убиле Ром – му клечеле на вратот, владата вели „нема чешки Флојд“!

Еден Ром во Чешка настрадал затоа што полицаец за време на интервенцијата го задавил притискајќи …