(ФОТО) Мурињо го грабнува Ибрахимовиќ од „Милан“

Англиските медиуми пишуваат дека Златан Ибрахимовиќ би можел повторно да работи со Жозе Мурино и дека како слободен играч на зима може да потпише договор со Тотенхем.
Швеѓанецот, кој речиси сигурно заминува од Соединетите држави, има понуда од Милан. Тој постојано посочуваше дека, иако има 38. години, тој лесно може да игра во Европа, но никогаш не го спомна Тотенхем како негова дестинација. Сепак, поради изненадувачката промена на клупата на Спарсите и доаѓањето на Жозе Муринњо, некои пишуваат медиуми дека Златан Ибрахимовиќ би можел да замине во Лондон.
Мурињо и Ибрахимовиќ прво соработуваа во Интер, додека во 2016 година, Португалецот го донесе Златан како слободен играч во Манчестер Јунајтед. За помалку од две години, Швеѓанецот во дресот на „црвените ѓаволи“ постигна 26. голови на 46 натпревари,но и ја загуби својата тимска позиција во пролетта 2018 година, поради тешката повреда на коленото.
Што се однесува до Тотенхем, доведувањето во Ибрахимовиќ може да има смисла со оглед дека не постои вистинска резерва за Хари Кејн откако Фернандо Лјоренте го напушти клубот. Затоа Швеѓанецот ќе мора да ја чека својата шанса надвор од клупата, па прашање е колку е подготвен тој. Од друга страна, Милан кој му нуди соработка до крајот на сезоната веројатно би можел да биде посоодветна дестинација за Златан затоа што таму нема доволно напаѓачи и тие сега тешко постигнуваат голови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) МОЌЕН НАПИТОК – ЗЛАТНО МЛЕКО КОЕ ПРАВИ ЧУДА: Го подобрува варењето, спречува воспалувања и помага при слабеењето!

време е и вкусно… Куркума млекото е мешавина од куркума и млеко што има одличен …