(ВИДЕО) ПРИВЕДЕНА ДАДИЛКА: Откриена жената која му удира шлаканици на двегодишното детенце во игротека во Аеродром

Скопје и Македонија вчера без згрозени од случката во една игротека која беше регистрирана со надзорните камери, на која можеше да се види како млада жена тепа и малтретира мало дете…
Kафе барот „Дежаву“ во Капитол мол во Скопје објави видео од една од своите безбедносни камери на кои се гледа како жена тепа и малтретира мало детенце, кое, веројатно има околу 2. години.
Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња. Во еден момент таа го влече едното од децата, па го зема, му удира шлаканици, па го фрла на столче. Изживувањето на жената, за која не се знае дали им е родител, роднина или дадилка на дечињата трае околу 4 минути.

Вчера сопственикот на  угостителскиот објект пријавил дека утрото околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележале како НН женско лице во игротеката физички малтретира дете. Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
По пријавата полицијата утврдила дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето.
Лицето е приведено и известен е јавен обвинител за натамошна постапка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) КОВИД -19: 13. МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЈА ПОБЕДИЛА КОРОНА: Во Бразил 22. илјади новозаболени за 24. часа, со вирусот се избориле 13. милиони пациенти!

Во светот од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ се заразени повеќе од 20. милиони луѓе, …