Почина легендарната радиоактерка Таска Балабанова

По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова, со чиј глас израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио. Балабанова е родена во Велес.
Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива во цртаната серија „ Попај морнарот“, како и натсинхронизациите во серијата Штрумфови.
Како актерка, кариерата ја започна во некогашниот Младинско-куклен театар, од кој во 1965 е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радиоактер и го позајмуваше својот глас во бројни радиодрами: „Веселата емисија“, „ Лирското интермецо“, потоа култната серија „ Хихирику“.
Публиката ја памети и од тв-сериите: „Средба“, „Едно лето“, „Илинден, „Време на летала“, „Трето доба“, „Мугра“, „Македонски народни приказни“ и „ Време – живот“.
Објави интерпретации на приказни за деца, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дино Имери во пресрет на празниците со концерт во Филхармонија ја најавува „Зимска бајка“

На 10 декември во камерната сала на Филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт …