(ВИДЕО) Мислеле дека им е расипан штекерот па откриле скриен сеф!

Криењето вредни работи зад лажен штекер и не е нешто ново. YouTube дури има инструкции како да го направите тоа дома. Доколку ве интересира, проверете го видеото подолу…

Две години, Дарен Стилс (45) и неговиот партнер во Велика Британија го набљудувале двојниот штекер под скалите и мислеле дека е штета што не работи затоа што бил на совршена локација да ја приклучат правосмукалката во струја.
Еден ден, кога им се собрале неколку мали електрични поправки, тие решиле да повикаат мајстор. Му рекле да провери што не е во ред со штекерот. Електричарот веднаш заклучил дека то штекерот не доаѓа електрична енергија, па тој го отворил и се шокирал. Штекерот не бил наменет да се вклучуваат електрични апарати, туку служел како камуфлажа за мал таен сеф или засолниште за скапоцености.

„Тој го отвори штекерот и се оддалечи од ѕидот. Откри таен сеф, но немаше скапоцености во него, само прашина и мртов пајак“, рече Дарен, и додал дека тоа му се чинело како хумористична верзија на Џемс Бонд.
Дарен и неговиот партнер се преселиле во куќата во 2017. година. Тие велат дека се гледало дека сефот некогаш имал клуч кој бил вметнат во еден од т.н. отвори за електрична енергија. Тие се свесни дека сега нема смисла да се кријат нештата таму затоа што тие објавиле видео со приказната за скриен сеф, така што сите би знаеле каде ги држат скапоцености, пренесува Дејли Меил.
Но, дури и ако тие не го објавија видеото, криењето вредни работи зад лажен штекер не е нешто ново. YouTube дури има инструкции како да го направите дома. Доколку ве интересира, погледнете го видеото:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …