Алиштата не треба да ги перете на 30 или 40 степени – тоа би можело да биде многу опасно за вас!

Доколку алиштата ги перете на температура под 60. степени, тоа би можело да биде опасно за вашето здравје. Опасните бактерии како Escherichia coli лесно се пренесуваат преку облеката ако се мијат на пониски температури. Можно е бактериите да останат на долната облека дури и по перењето на 60. или 90. степени.
Иако бактеријата е нормален жител на цревата кај луѓето и многу животни, одредени видови може да предизвикаат уринарни и цревни инфекции, па дури и да доведат до многу тешки форми на болеста со потенцијален смртоносен исход.

За многумина перењето на 30. степени е примамливо бидејќи евременски пократко и поштедливо, но треба да знаете дека бактериите во човечкото тело живеат на телесна температура од 37. степени, што значи дека само температурите повисоки од тие ќе ги убијат.
Многумина веруваат дека постелнината е доволно да се пере еднаш месечно, иако се препорачува перниците да ги перете на секои пет дена и чаршафите по десетина на температури над 60 степени.
Експертите препорачуваат еднаш месечно празната машина да се испере на 90 степени за да се отстранат сите акумулирани бактерии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …