(ФОТО) Тајна просторија: Собата зад најпознатиот американски споменик открива – НЕПРАВДА!

Скулпторот Гутзон Борглум сакал да создаде просторија каде ќе се запише историјата. Сепак, неговиот план бил премногу амбициозен …

Резбаните лица на четворица американски претседатели се еден од симболите на САД, но малкумина знаат дека зад нив лежи интересна тајна. Добро, веројатно претеравме нарекувајќи го најпознат, затоа што таа титула сè уште и припаѓа на Статуата на слободата. Но, планината Рашмор во Јужна Дакота, на која се наоѓаат лицата на Вашингтон, Џеферсон, Линколн и Т. Рузвелт, секако е добро позната за патниците ширум светот, како и за оние кои сакаат филм. Поточно, тука се снимани помеѓу останатите, култниот „Северен северозапад“ на Хичкок, потоа „Национално богатство“, „Тим Америка“…


Во 14 години колку што поминал во планирање, резба и надгледување на завршувањето на споменикот на планината Рашмор, уметникот Гутзон Борглум го завршил делото на карпите кое прикажува 150. години од американската историја. Скулптурите со висина од 18. метри се наоѓаат во близина на Кејстон, Јужна Дакота и зафаќаат површина од 5,17 квадратни километри.
Но, тој сакал да направи приказ на седум важни настани во американската историја. Сепак, неговиот план бил премногу амбициозен и тешко изводлив, па затоа тој ги направил „само“ претседателските бисти во карпата. Сепак, добил и дозвола за работа на тајна просторија што на посетителите ќе им ја раскаже историјата на Соединетите држави, презентирајќи ја преку некои од најважните документи. Таа соба се викала „Дом на рекордите“.

За да биде сигурен дека луѓето во иднина ќе ја знаат историјата на неговиот проект и значењето за него, Борглум сакал додаток на историските глави: просторија сместена веднаш над линијата на коса на Абрахам Линколн која ќе ги содржи сите потребни информации за планината, како и Уставот на САД и други важни документи .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …