(ФОТО) „Специјалниот“ останува во Лондон: Мурињо нов менаџер на Тотенхем!

Конечно се прекинаа сите шпекулации за одењето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид…
Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо е назначен за нов главен тренер на Тотенхем, објавено е на официјалната веб-страница на англискиот клуб.
Договорот со 56-годишниот Мурињо има важност до крајот на сезоната 2022/23.

Веста на својот профил на Инстаграм ја потврди и самиот Мурињо пишувајќи „Тотенхем Хотспур. Нова авантура, нов предизвик за мене и нова сторија во кариерата“.
Португалецот на клупата на „спаурсите“ го наследува Маурицио Покетино кој вчеравечер доби отказ.
Смената на тренерското место во премиерлигашот од Лондон доаѓа по најслабиот почеток на сезоната во последните 11. години.
Последната работа на Мурињо му беше во Манчестер јунајтед пред една година. Претходно во Премиер лигата го предводеше Челси во два наврата, од 2004. до 2007. година и од 2013. до 2015 .година

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СРАМ ЗА НАВИВАЧИТЕ НА СИТИ: Манчестер Сити соработува со полицијата после срамната сцена кон Фред!

Дербито во Манчестер во кое Сити го дочека Јунајтед кој славеше со 2:1 го одбележа …