(ФОТО) Мирно, тивко и скриено: Ова се најромантичните места во Европа!

Фарски острови, Данска
Овој дел од Данска веќе долго време се смета за бисер меѓу „неоткриените патеки“. Тие се наоѓаат во Северното Море помеѓу Исланд и Норвешка, а сцената на ветровитите и „нескротливите“ острови во исто време се чини мрачна и прекрасна.
Камења во форма на бранови, водени ливади и црни базалтни дини се дефинитивно нешто што го сакате само за себе и за вашата сакана личност. Со сето тоа, обоените дрвени куќи го прават ова место да изгледа како од филм, а не реално.
Сепак, постои причина зошто луѓето не се во искушение да уживаат во Фарските острови. Температурата, многу ниска температура. Дури и кога не е премногу ладно, постои ветре што го променува тоа чувство. Сепак, во љубовта никогаш нема да пречи послке прошетката да побрзате кон сместувањето и да се загреете со топол пијалок.

View this post on Instagram

🇫🇴🇫🇴🇫🇴

A post shared by Kathryn (@liquidgrain) on

Фавињана, Сицилија
Луѓето кои ја сакаат својата приватност и да уживаат во својето избрано дриштво како по правило, не сакаат убави плажи заради гужвите што претежно ги привлекува таа убавина. За среќа, има место, иако убаво, кое не е преплавено со туристи. Фавињана е мал остров во близина на Сицилија, тивок и мирен, а освен луѓето, на островот скоро и да нема автомобили.
Можете да изнајмите велосипеди и да возите во пар, во потрага по разумно скриена плажа каде можете да уживате во чистата сина вода. Единствениот „недостаток“ на овој остров е тоа што плажите се со камчиња, затоа на долги прошетки на плажа ќе мора да одите обуени.

View this post on Instagram

📍 Cala del Bue Marino ~ Favignana ° 🌊🐚 Le cave di tufo del Bue Marino a Favignana sono delle vere opere d’arte che si affacciano su un mare dai colori meravigliosi. ° 🌊🐚 The Tuff Quarries of Bue Marino in Favignana are real works of art overlooking a sea of marvelous colors. ° 📷 Photos by @realmonacid ° 👉🏻 For more follow @turismosicilia ° #buemarino #favignana #isoladifavignana #favignanaisland #egadi #isoleegadi #egadiislands #sicilia #sicily #sicilien #sizilien #Сицилия #islandparadise #islandtime #islandvibes #vitaminsea #amazingplace #naturewonder #natureperfection #geologia #geological #geology #geología #geo #geologypage #geologyrocks #geology #landform #gorge #naturalart

A post shared by Turismo Sicilia (@turismosicilia) on

Азорски острови, Португалија
Ова се девет вулкански острови пронајдени во Атлантскиот океан. Тие се наоѓаат на околу 1.500 километри од копното на Португалија и Мароко. Она што посетителите можат да очекуваат овде се активности како што се гледање китови, крстарење, пливање со делфини, а исто така можете да одите на планинарење, пешачење или да се возите по прекрасните предели на кој и остров да се наоѓате.
Иако има девет острови што треба да се истражат, Грациоса е можеби најдобрата за парови бидејќи е најмалку посетена, иако што и да одберете, нема да згрешите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. знаци дека имате совршен сопруг

Мудрите луѓе велат дека склучуваме брак од љубов, и во него навистина се запознаваме: и …