(ФОТО) Мирно, тивко и скриено: Ова се најромантичните места во Европа!

Секој има свое мислење за тоа што е романтично, но местата преплавени со туристи чии селфи стапови се судираат во воздухот, секако никој не ги смета за место за уживање со саканата личност.
Ако две лица не се само придружници додека патуваат, романтичното патување треба да биде на некои вовлечени места, така што паровите можат да се посветат еден на друг, а не исцрпени од метежот. Ова се пет романтични места за оние кои навистина сакаат да бидат сами.

Донегол, Ирска
Ако прошетка низ шумата полна со ели, празнао крајбрежје или мистичен звук од мочуриштето се доволно интимни, тогаш Донегал е местото за вас. Најдобро време за посета на оваа област е од ноември до март, кога сите оние што дошле да ги поминат годишните одмори се враќаат во своите домови. Најголемите атракции во Донегал се замокот Гленвеј и напуштената црква на планината Еригал.
На есен, во пабовите е само локалното население, а нема гужва, но за вистинско искуство најдобро е да изберете традиционална камена куќа со поглед на планината, а доколку одберете од оние што имаат камин, ова патување сигурно ќе се памети како едно од најромантичните.

Кошице и планината Татра, Словачка
Туристите се скоро реткост во најголемиот град на источниот дел на Словачка, иако е убаво место со многу поволни цени. Најважните знаменитости се во главната област, каде што се мешаат барокни згради, пријатни кафулиња и готски згради.
За обиколување на самиот град не е потребно долго и после тоа е најдобро да одите во Татрите и да уживате со вашата сакана личност. Не е важно во кое време од годината ќе дојдете овде, но ако не сакате луѓето да шетаат наоколу, изберете работен ден за да ги избегнете жителите од околните места кои доаѓаат да уживаат во викендот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …