Дневен хороскоп за среда, 20.11.2019:Од денес се започнува од мртва точка со свежа енергија што ни го расчистува умот и ги изострува сетилата, што ќе биде особено видливо на деловен план…

Директниот од на Меркур ја одбележува оваа среда, и сè што претходеше на овој момент, сите напори на ретроградниот Меркур да ги истражиме длабочините на самите себеси во потрага по значења, одговори, да го завршиме започнатото, да не носиме товар и дека можеби го имаме и покрај тоа што не сме свесни зошто некои работи не ни одат од рака и дека сè е поврзано … сето тоа започнува од мртва точка со свежа енергија што ни го расчистува умот и ги изострува сетилата, што ќе биде особено видливо на деловен план.
Ви посакуваме успешен ден.
Овен
Работа
Важно ви е да бидете забележани на различни страни и во таа смисла да ги користите вашите најсилни адути со кои располагате. Големите амбиции понекогаш носат голем број на нови проблеми.
Љубов
Вие не оставате многу простор на вашиот партнер за слободен избор, но за среќа делувате многу убедливо и заводливо. Свесно искористете го вашиот шарм во вистинска мера.
Здравје
Нема промени.
Бик
Работа
Подготвени сте за професионално докажување под различни услови. Обрнете внимание на некои корисни информации што ќе ви го олеснат патот до успехот. Сметајте на нечија поддршка.
Љубов
Задоволството што го чувствувате во нечија близина може да ве исполни со позитивна енергија и да ги придвижи вашите субјективни граници. Уживајте во блиска компанија.
Здравје
Добро се чувствувате.
Близнаци
Работа
Во желба да постигнете извонредни резултати, вие се согласувате на одредена импровизација. Понекогаш без поголем ризик, не постои забележителен успех или поширок одек меѓу соработниците.
Љубов
Избегнувајте емоционални контрасти во реакциите. Вие го збунувате вашиот партнер со некои идеи или чести промени во мислењето. Тешко е да се држи чекор со вашето темпо кога ќе се занесете.
Здравје
Можна главоболка.
Рак
Работа
Имате доволно искуство реално да ги видите сите предности или недостатоци кои произлегуваат од можно деловно здружување. Размислете за тоа, интелектуалната способност е клучна во проценката на добра работа.
Љубов
Тешко е да се оддалечите од идеите што ги имате, но се чини дека некој нема доволно разбирање за вашите емотивни потреби. Без оглед на тоа, не паѓајте во меланхолија.
Здравје
Одморајте повеќе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …