Денес е спомен на Светиот Маченик Валеријмен

Светиот маченик Валериј пострада заедно со уште 32 други маченици, во Ерменскиот град Митилина, во времето на прогонот на императорот Диоклецијан, во 298 година. Императорите беа усрдни поклоници на идолите и гонители на христијаните. Кога до нивните уши дојде веста дека жителите на Ерменија и Кападокија, и покрај заповедите на императорот, одбиваат да им се поклонат на идолите, тогаш тие пратија двајца лукави и предадени на идолопоклонството војници, да ги истребат сите христијани таму. Пратените војници точно ја исполнија волјата на императорот и ги казнија сите христијани што ги најдоа, отсекувајќи им ги главите. Помеѓу мачениците беше и светиот Валериј.

Преподобен Лазар Галасиски
Над куќата во којашто е роден се јави столб од светлина. Од своето село, Магнезиј, тој отиде на поклонение на светите места во Јерусалим и таму се замонаши во манастирот на Свети Сава Осветен. По десет години се насели во гората Галасиска и се подвизуваше како столпник. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Царот Константин Мономах многу го уважуваше. На старост се пресели во вечноста, на крајот од 9 век.

Светата маченичка Тесалоникија, со Авкт и Таврион
Оваа девица беше ќерка на еден идолски жрец, Клеон, човек богат и надмен. Заради верата во Христа, татко ѝ ја избрка од куќата и од градот. Двајцата чесни граѓани Авкт и Таврион го укорија Клеон за нечовечното однесување кон ќерка му, заради што тој ги обвини како христијани. Беа луто мачени и обезглавени заради Христа. Потоа ја мачеа и ја убија и Тесалоникија. Пострадаа во македонскиот град Амфипол, близу денешната Кавала. Така овие маченици се удостоија со бесмртното царство страдајќи чесно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За изминатите 24. часа во Македонија, после 1188 тестирања, регистрирани се 85. нови случаи на ковид 19: Оздравени се 42. пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани …