(ВИДЕО) Интервју со Јелена Јованова – рецепционерката во „Преспав“: „Мојот сопруг е вљубен во македонското тавче гравче и морам да го имам на мени!“

Рецепционерката Јелена од Драчево е веројатно еден од омилените ликови од хумористичната серија „Преспав“. Четвртата сезона на големо се снима, а актерката Јелена Јованова раскажува дека и на снимањето е исто толку забавно, како и во серијата.

„Уживам во лудилото на Јелена. Заради неа постојано добивам покани за кафе и прошетка во Драчево, како и позитивни кометари. Мора да најдам време за да отидам таму“, ни открива актерката Јованова.
Филмот на Ангелина Џоли во кој играше беше пресуден за да ја добие улогата во хрватската серија „Тајни“ кога го запозна и хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кого се омажи.

„Стјепан научи да зборува штипски, ама и литературно македонски. Вљубен е во нашата кујна, а на мени мора да имам сарма и тавче-гравче“, открива Јелена.
За љубовата со хрватскиот актер и свадбата во Загреб, за животот таму и зошто плачела првите денови на снимањето на серијата „Тајни“, но и како ја добила главната улога, Јелена има своја приказна. Но и за детството во Штип, за родителите, како решила да стане актерка…

Погледнете го интервјуто кое го направи Репортер:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Момче (11), најмладата жртва на корона вирус во Хрватска – починал на Инфективната клиника, немал други болести!

Дошло до ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број заразени деца …