Филмски едукативни работилници за деца во неколку градови

Циклус работилници за филмска критика и монтажа за деца беа одржани во Скопје, Неготино и Гостивар како дел од проектот „Кино училница” чија цел е запознавање на основни елементи на  филмската уметност и филмскиот јазик кај младите.  Работилниците кои беа наменети за деца на возраст од 12. до 16. години се реализираа во периодот од 1ви до 15ти ноември под менторство на реномирани професионалци и професори.
Во рамките на работилницата за монтажа младите имаа можност да се запознаат со сите техники на монтажата и основните елементи на филмскиот јазик. Беа зададени кратки етиди (вежби) за учесниците. Во рамките на работилницата за филмска критика учесниците ги развиваа вештините за критичко мислење и креативно пишување и добија директно менторирање за пишување на филмска критика, како и домашна задача да изгледаат филм и да напишат критика.
Работилниците ги организираше  Асоцијацијата на филмски критичари и новинари ФИЛМАРТ Скопје во соработка со повеќе општини и културни установи. Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 17.до 23. август Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ – Осмо издание

Од 17 до 23 август 2020 година во Младинскиот Култирен Центар во Скопје, ЦАЦ Монтажна …