ТАТКО НА ЃОКОВИЌ: Србија ја бомбардираа 20. земји – Новак успеа и покрај тоа!

НОВАК ЃОКОВИЌ неодамна загуби од Роџер Федерер на финалето на АТП во Лондон, остана без полуфинале и прво место на крајот на годината.
Публиката во Лондон аплаудираше за секоја негова грешка и Ѓоковиќ при напуштањето на теренот не ги поздрави трибините.
Таткото застана во одбрана на Новак
Однесувањето на публиката во Лондон со денови е една од главните теми во светот на тенисот, многу тенисери застанаа во одбрана на Ѓоковиќ, а сега се јавил и неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ.
„Новак се појави во незгодно време за Србија и српскиот народ затоа што ја врати вербата и покажа дека не сме геноцидна нација, дека не сме најлоши во светот и дека сме дел од европската култура и цивилизација“, изјави таткото на Ѓоковиќ за Радио Телевизија Србија, додавајќи:

“Невозможно е еден таков господин спортист како Новак да доаѓа од некоја геноцидна нација, како што многумина нè обележаа во минатото. Тоа е нечија етикета, предрасуда, нереална слика, но сето тоа е силна причина зошто некој ќе му свири на мојот синод трибините во Лондон, Њујорк и многу други градови и страшно е кога некое лице тоа го доживува во живо“.
Против навивачите и Федерер
Ѓоковиќ, во Лондон, против себе имаше 20.000 луѓе и расположениот Федерер, и на крај не стигна до полуфиналето.
„Не можете ниту да замислите колку му е тешко на Новак во вакви ситуации, но тој секогаш имаше храбро срце и ладна глава, а како му било, само тој знае! Замислете дека е член на мала, горда нација од мала, сиромашна земја, која биле бомбардирани од овие светски ‘експерти за бомбардирање’!“, рекол Срѓан Ѓоковиќ и заклучил:
„Една мала Србија беше бомбардирана од 20. моќни земји, замислете какви херои се тие! А тој се избори за сето тоа и стана еден од најдобрите тенисери на сите времиња“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …